Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беса го обвинува Министерството за култура за правење дискриминација врз Албанците

Беса го обвинува Министерството за култура за правење дискриминација врз Албанците

Од Движенето Беса сметаат дека од страна на Министерствотот за култура се прави дискриминација врз Албанците бидејќи како што истакнуваат од таму, во објавениот конкурс критериум за вработување било етничката припадност, а не професионализмот. Тие додаваат дека и покрај нивните реакции министерството не понуди ниту еден  конкурс кој предвидува да се вработи еден Албанец или член на друга етничка припадност.

„Затоа, Беса уште еднаш потенцира дека овој стандард е скандалозен и мора да заврши што е можно поскоро, да заврши и стариот терк на дискриминација на Албанците од страна на ова министерство. Овој конкурс треба да се поништи или да се сменат условите за прием на државните службеници, не специфицирајќи ја етничката припадност, туку само познавањето на јазиците, бидејќи ова оневозможува праведен натпревар за сите граѓани на Република Македонија за работно место. Ако и овој пат нашата реакција се покрива со терцијарни објаснувања и не се преземаат мерки за корекција на оваа практика и овозможување на фер услови за вработување, тогаш може да заклучиме дека ова министерство не е дел од реформите, туку е ангажирана за продолжување на дискриминацијата“, соопшти Беса, чиј претседател е Африм Гаши.


Слично

Поврзани вести