Економија, финансии, бизнис

Контакт

Движење Беса: Во комуникација сме со Лика, многумина од ДУИ преминуваат кај нас

Движење Беса: Во комуникација сме со Лика, многумина од ДУИ преминуваат кај нас

Вицепремиерот Хазби Лика, од редовите на ДУИ, може да премине во движењето Беса, но по претседателските избори, објави ТВ21.

Партијата на Билал Какасми тврди дека е во комуникација со владиниот функционер задолжен за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, додека официјален претставник на "Беса" потврдил дека преминувањето на Лика може да се случи по претседателските избори.

"Имаме многу пријателска комуникација со Хазби Лика. Сеуште нема конкретна одлука, но се надеваме дека по претседателските избори ова прашање ќе биде заклучено. Исто така, гледате дека во Движењето Беса има многу нови влијанија и големи премини од структурите на ДУИ во нашата партија. Во духот на ова прашање, разговорите се одржуваат и со Хазби Лика и неговите поддржувачи ", велат од Движењето Беса.

Во меѓувреме, лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека не знае за можното заминување на Лика.

"Немам такви информации. Хазби Лика е член на Демократската унија за интеграција ", изјави денеска претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.


Слично

Поврзани вести