Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двете лица кои паднаа во бездна се спасени

Двете лица кои паднаа во бездна се спасени

Извлечени се двете лица што паднаа со квадрицикл во бездна длабока 20 метри кај вилата „Принц“ на Караџица. 

Тие се извлечени во стабилна состојба, но веројатно имаат скршеници и се предадени на две екипи на Итната медицински помош, кои се упатија кон медицинските центри во Скопје, соопшти ЦУК. Со квадрициклот излетале од земјениот пат и паднале во бездна после селото Алдинци. ЦУК организираше спасувачка акција. 

Инаку, по добиен повик за итен случај на 112 во ЦУК во тек е спасувачка акција за извлекување на двајца планинари од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знае во каква состојба е во подножјето на Титов Врв на Шар Планина.

Слично

Поврзани вести