Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двестотини средношколци од „Орце Николов“ заглавени на озлогласениот премин Хоргош

Двестотини средношколци од „Орце Николов“ заглавени на озлогласениот премин Хоргош

Двестотини средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“ останале заглавени десетина часа на унгарскиот граничен премин Хоргош додека патувале на екскурзија, а биле пропуштени дури денеска во 10 часот изутрина.

Како што објави СДК, родители се пожалиле дека децата биле оставени без храна и со ограничена количина вода на пат кон Братислава и Прага со 4 автобуси, а им било барано и по едно евро за да одат до тоалет.

Граничниот премин Хоргош е и влез во Европската унија и Шенген зоната и е озлогласен по лошиот третман на патниците кои оттука влегуваат во ЕУ, и затоа поголемиот дел туристички агенции од Македонија на турите за Словачка и Чешка го избегнуваат и го земаат подолгиот пат преку Хрватска.

Вознемирените родители бараат македонското МНР да реагира до унгарските гранични власти.



Слично

Поврзани вести