Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ЗАВРШИ НА КЛИНИКА ОТКАКО ГО УДРИ ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ - возачот избегал, несреќата се случила во Скопје

ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ЗАВРШИ НА КЛИНИКА ОТКАКО ГО УДРИ ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ - возачот избегал, несреќата се случила во Скопје

Двегодишно дете е тешко повредено откако во него удрил електричен тротинет, а возачот на тротинетот избегал од местото на несреќата која се случила на пешачка улица „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, порано позната како Детска уличка. 

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во нивниот денешен билтен, несреќата се случила синоќа во вечерните часови, а повреденото детенце било пренесено на комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

- На 04.06.2025 во 19.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во рекреативен парк Тоше Проески во нас.Ново Лисиче, електричен тротинет удрил во двегодишно дете од Скопје, по што лицето што го управувло со тротинетот го напуштило местото на настанот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје - пишува во билтенот. 

Несреќите со тротинети не се новина, иако се упатуваат бројни апели за внмателно возење, сепак, се возат брзо и честопати некој е повреден. Но, во овој случај опасноста е поголема бидејќи станува збор за зона заштитена од возила, и ова правило треба да важи и за електрични тротинети, но и за мотори, кои исто така може да бидат забележани по улицата.  

Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести