ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ И ВОЗАЧ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА - се судрија „сеат“ и четирицикл
Двеипол годишно дете и возрасен возач се повредени во сообраќајна незгода која се случила во текот на вчерашниот ден во попладневните часови.
Како што јавува Министерството за внатрешни работи, детето и возрасниот возач се примени на Клиниката „Мајка Тереза“.
- На 24.07.2025 во 17.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат село Зелениково - село Страхојадица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од с.Дејковец, скопско и четирицикл управуван од С.М.(28) од с.Стахојадица, општина Зелениково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот и две ипол годишно дете, сопатник на четирициклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје - се наведува во билтенот.
