Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двегодишен Стенд-бај аранжман за БИХ од 405 милиони евра

Двегодишен Стенд-бај аранжман за БИХ од 405 милиони евра
Извршниот одбор на Мeѓународниот монетарен фонд  на 26 септември одобри 405.000.000 евра,  двегодишен Стенд-бај аранжман за Босна и Херцеговина. Програмата ќе помогне да се создадат услови за  закрепнување на економијата и покрај тешкото  економско опкружување, велат од  ММФ. „Главната цел на програмата е да се спротивстави на кризата од еврозоната која несомнено влијае и врз економијата на Босна и Херцеговина, додека во исто време земјата се соочува со сериозна реконструкција на системот", изјави Костас Кристо, шеф на мисијата на ММФ за Босна и Херцеговина. Како дел од поранешна  Југославија, Босна и Херцеговина помина низ многу трауматична трансформација, пред се во текот на војната 1992-1995-та година. Ова предизвика огромно човечко страдање, уништување на инфраструктурата, но и пад на ДДВ-то за  80 %.
Слично

Поврзани вести