Две жртви на недоизградениот автопат Кичево - Охрид
Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово околу 7:30 часот на недоизградениот автопат Охрид – Кичево во делот кај селото Ботун, а допрва МВР треба да го објави идентитетот на жртвите во текот на денот.
Според информациите, патничкото моторно возило изгубило контрола и излетало од коловозот. Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а истрагата треба да ги утврди причините за инцидентот. Информацијата ја потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Секоја година има по неколку жртви на патот на кој повеќе од десет години траат градежните работи, а уште поголема е бројката на тешко повредени. Автопатот во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година.
Слично
