Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ ЖЕНИ УАПСЕНИ ЗА КРАЖБА - едната крадела од спортска обложувалница, другата ограбила малолетник

ДВЕ ЖЕНИ УАПСЕНИ ЗА КРАЖБА - едната крадела од спортска обложувалница, другата ограбила малолетник

Две жени, од кои едната на 56 години, додека другата на 27 години се уапсени поради кражба. 

Како што соопштува Министерството за внатрешни работи, жителка на селото Ростуше која има 56 години била упасена синоќа под сомнеж дека од спортска обложувалница во нејзиното село одзела пари од дневниот промет. 

-На локалниот пат за село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа во 19:50 часот ја лишиле од слобода В.Т.(56) од село Ростуше.

Таа се сомничи дека околу 19:30 часот од спортска обложувалница во селото Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. 

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава - соопштина од МВР.

Од оваа институција исто така објавија дека полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода З.К.(27) од Скопје поради постоење сомнение дека на 08.06.2024 околу 23.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнала малолетник од Скопје и му одзела пари.

- Со неа бил извршен разговор во полициска станица и кај неа биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ - соопштија од МВР. 

Слично

Поврзани вести