Две жени од Штип се затруле од плинска боца
Две жени на 52-годишна возраст се затруле од плин во кујна по што од Клиничка болница Штип се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје.
Од штипската болница посочуваат дека жените се со стабилни витални параметри. Претходно биле прегледани во дежурна амбуланта и примени на одделот за интезивна нега.
- Со стабилни витални параметри и по претходнен договор, а во придружба на доктор и медицинска сестра упатени се на Клиника за токсикологија при Клинички центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, информираат од штипската болница
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова го потврди случајот и рече кај нив пријавата пристигнала од страна на Брзата помош. Увидот е се уште во тек.
Слично
