Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две жени од Штип се инфицирани со британскиoт сој

Две жени од Штип се инфицирани со британскиoт сој

Две жени од Штип се заразени со британски сој на коронавирусот. 

Штипјанка на возраст од 70-ина години е првиот пациент со британскиот сој на коронавирусот на Инфективното одделение во Штип. Началникот на ковид центарот, Дијана Шишкова за МИА изјави дека пациентката е со средна тешка клиничка слика и веднаш, откако се информирани од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), е изолирана во друга соба. Пациентката на ова одделение се лекува веќе пет дена и добива кислородна поддршка. Од штипскиот ЦЈЗ  велат дека вчера се информирани и за втор случај со британскиот сој на коронавирус во градот.

Кај 25 охриѓани е потврдено присуство на новиот британски вид на коронавирусот. 

Повозрасни сопружници од Велес се заразени со овој сој. Британскиот сој го има во неколку градови во Македонија. 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1.

foto freepik

Слично

Поврзани вести