Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две земјоделски институции деградирани за краток период: По Стоилев, уапсен и Анакиев

Две земјоделски институции деградирани за краток период: По Стоилев, уапсен и Анакиев

За кратко време се деградирани две значајни државни институции за македонското земјоделство - Агенцијата за поддршка на земјоделскиот развој и Државниот инспекторат за земјоделство, откако и двата директори беа уапсени за примање мито.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во ноември лани отвори истрага против директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев и протов 4 други лица, за поткуп и за давање и примање награда за противзаконско влијание и побара судот на сите петмина да им определи притвор.

Стоилев бил пријавен од апликант на кому му побарал мито за да му додели договор за финансиска поддршка преку програмата ИПАРД, по што апликантот, инаку познат поранешен функционер, го пријавил во полиција.

По апсењето на Стоилев, вчера во нова акција на Министерство за внатрешни работи беше уапсен и актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, под сомнение за примање поткуп од околу 50.000 евра.

Иронично, само пред неколку месеци, Стоилев и Анакиев потпишаа договор за засилена соработка меѓу институциите со цел поголема транспарентност и контрола во распределбата на средствата за земјоделците.

Надлежните органи најавуваат продолжување на истрагата.


Слично

Поврзани вести