Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две земји во еден ден го ратификуваа членството на Македонија во НАТО

Две земји во еден ден го ратификуваа членството на Македонија во НАТО

Парламентите на Полска и Словачка го ратификуваат Проколот за членство на Македонија во НАТО. 

Додека за Полска беше најавено, за Словачка објави вицепремиерката Радмила Шекеринска.

– Парламентите на Полска и Словачка го ратификуваа протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Одиме чекор по чекор кон целта – Република Северна Македонија, членка на НАТО!, објави денеска на својот профил министерката за одбрана.

Претходно, истото го сторија Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија, Данска и денеска Полска и Словачка.

Уште 18 земји-членки се потребни да го ратификуваат протоколот за Македонија официјално да стане полноправна членка на Алијансата.

Слично

Поврзани вести