Две татковини, едно срце: Мери Николова Буџаку за празниците во Отава, семејната топлина и љубовта што не познава граници
Празниците далеку од татковината секогаш носат двојна емоција – убавината на новото и тагата по познатото. Во таа тенка линија меѓу светлината и тишината, меѓу протоколот и интимата, живее и празнува Мери Николова Буџаку, сопруга на амбасадорот на Македонија во Канада, Агрон Буџаку. Нејзината приказна не е само дипломатска, туку длабоко човечка – приказна за семејството, прифаќањето и вредностите што се носат со себе, без разлика на географската оддалеченост.
Во празнична Отава, град што во декември и за празниците се претвора во вистинска зимска бајка, Мери сведочи за културата на внимание, естетика и солидарност што ја карактеризира канадската празнична атмосфера. Но зад светлосните проекции, украсените улици и замрзнатиот Ридо канал, таа ја препознава вистинската магија – во луѓето, во нивната човечност и во начинот на кој различностите не се причина за поделба, туку богатство што се слави.

Како мајка, сопруга и жена што живее меѓу две култури, Мери отворено зборува за тоа што значи да се изгради дом далеку од родната земја, да се зачуваат македонските празнични обичаи, а истовремено да се прифатат новите канадски традиции. Нејзините зборови за толеранцијата, изговорени и преку искрената детска перспектива на нејзиниот син, се силна порака дека љубовта и прифаќањето се најголемото наследство што можеме да им го оставиме на идните генерации.
Ова интервју е повеќе од празнична приказна од дијаспората. Тоа е тивка, но моќна исповед за животот надвор од Македонија, за болката по оние што недостигаат, за семејната сплотеност и за светлината што човек мора да ја носи во себе – каде и да чекори.
Целосното интервју овде на Женски магазин