Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ СООБРАЌАЈКИ НА ПАТОТ КОН ОХРИД: Во едната дошло до верижен судир во кој се слупале четири возила (Видео)

ДВЕ СООБРАЌАЈКИ НА ПАТОТ КОН ОХРИД: Во едната дошло до верижен судир во кој се слупале четири возила (Видео)

Одлуката да се затвори за сообраќај прилазот кон нашиот туристички  центар Охрид предизвика лавина негативни реакции од граѓаните, но и од претставниците на туристичкиот сектор. 

Но, тоа не е се. 

Како што јавува „Шило магазин“, поради пренасочувањето на автомобилите на стариот пат, кој не може да прифати толкав обвем на сообраќај, на истиот денеска за само еден час се случиле две сообраќајни незгоди. 

- За еден час две сообраќајни незгоди !!!

Откако власта нареди да се затвори патниот правец A3 Подмоље-Охрид поради градежни активности во временски период од 30 до 45 денови, за време на летната сезона, а возилата да се пренасочат по стариот пат Р-1208, секојдневно се случуваат по неколку сообраќајни незгоди. Сведоци сме на излетани автомобили во Охридското Езеро, превртени автомобили на кров, сообраќајки проследени со повредени патници и голема материјална штета. И покрај тоа што овој патен правец нема доволен капацитет да прими толку возила, власта остана глува на барањата од Охриѓани.

Во временски период од околу еден час се случија две собраќајни незгоди од кои во едната учествуваа пмв моторцикл и автомобил, а во втората сообраќајна незгода се случи верижен судар во кој учествуваа четири возила - нагласија во објавата поставена на Фејсбук. 

Објавата очекувано предизвика лавина реакции, од кои дел и зачудувачки. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести