Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две сестри од Скудриње се затруле од јаглероден моноксид, едната почина

Две сестри од Скудриње се затруле од  јаглероден моноксид, едната почина

Девојка на возраст од 21 година Е.М. починала, а нејзината постара сестра се лекува на скопските клиники откако се затруле со јаглероден моноксид во просторијата во која спиеле во селото Скудриње. 

Настанот е пријавен вчера, по што екипа на крим полицијата излегла на терен и извршила увид. Двете сестри, спиеле во помошна просторија на семејната куќа, која се затоплувала со печка на дрва. На родителите им станало сомнително што девојките не се разбудени и влегле во просторијата, но тие биле во бесознание. 

Нив им е пружена помош во здравствениот дом во Ростуше, а оттука беа препратени за Гостивар, но по патот помладата девојка починала. За животот на Р.М. лекарите успеале да се изборат.

Како дошло до труењето ќе се утврдува со истрага која ја води јавен обвинител од гостиварското обвинителство.



Слично

Поврзани вести