Две семејства во Чаир пукале со пиштоли и се боделе со ножеви - има повредени
Соседи пукале со пиштоли и се боделе со ножеви во Чаир, по што неколку лица завршија во болница.
Станува збор за две семејства. На плац на булеварот Македонско-косовска бригада во Скопје, двете групи употребиле огнено оружје и ножеви, при што има повредени.
„Со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27). Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош“, велат од полицијата.
Полицијата изврши увид и приведе две лица.
Слично
