Две семејства расчистувале сметки со ножеви во Кондово: Завршиле повредени и во болница
Две семејства од Конодово со ножеви и тупаници си расчистувале меѓусебни недоразбирања. Полицијата соопшти дека вчера попладне јавниот ред и мир бил нарушен од меѓусебна пресметка помеѓу членови на две семејства.
„Имено, според пријавеното, во дворот од куќата сопственост на Т.Ф.(45) дошле браќата Ф.Љ. С.Љ. и Ф. Љ. и физички го нападнале сопственикот, а потоа и С.Ф.(45), Р.Ф.(21) и 15 годишен малолетник. Полициски службеници излегле на местото на настанот и бил пронајден нож, како и две чаури за кои Т.Ф. посочил дека биле испукани од пиштол од страна на Ф.Љ. Во 21 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени С.Љ. и Ф.Љ. со повреди од остар предмет, велат од полицијата.
Додаваат дека работат на целосно расчистување на случајот.
