Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ОХРИД, двајца татковци во физичка пресметка со домашните

ДВЕ ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ОХРИД, двајца татковци во физичка пресметка со домашните

Во текот на викендов, во орхидскиот регион полицијата реагирала на две пријави за домашно насилство. 

Како што информира СВР Охрид, на 25 јуни, добиле две пријави во кои татко ги нападнал сопругата и децата.  

- На 25.06.2022 година во 00.25 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода Д.Т.(38) од Охрид. Тој  претходно во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава - се наведува во билетенот испратен од СВР Охрид.

Во истиот се истакнува и дека „на 25.06.2022 година во 18.20 часот во СВР Охрид лишен е од слобода И.К.(56) од Охрид кој претходно, во семјниот дом во Охрид, физички ги нападнал сопругата и нивната ќерка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Слично

Поврзани вести