Две пријави има во полиција за скандалот на гинекологија
По настанот на Клиниката за гинекологија за наводно исчезнато бебе, кој се случи денеска од Министерството за внатрешни работи информираат дека до нив се поднесени две пријави.
Едната е од родител кој пријавил дека неговото дете било заменето, а другата од клиниката од каде што пријавиле дека тој се однесувал дрско и недолично кон персоналот.
Татко на бебето тврди дека од Клиниката за гинекологија во Скопје исчезнало неговото женско новороденче. Според неговите кажувања, бебето што го видел вчера по раѓањето, не е истото што му било покажано денеска, затоа што денеска било означено со погрешно презиме. Тој се сомнева дека бебето не е негова ќерка.
Во врска со настанот попладнево со допис реагираа и од Министерството за здравство преку кој информираа дека разговарале со директорката на Клиниката.
Тие ќе го испитаат целиот случај.
