Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две петгодишни деца тешко повредени во сообраќајна несреќа

Две петгодишни деца тешко повредени во сообраќајна несреќа

МВР објави дека две петгодишни деца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Штип - Кочани во 22.30 часот.

Станува збор за судар помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.З.(25) од кочанското село Чешиново и патничко возило „пежо 206“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од А.В.(30) од Злетово.

По незгодата, сопатниците во возилото „пежо“, Х.В.(25) и две петгодишни деца биле пренесени во Клиничката болница Штип каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди. 

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.


Слично

Поврзани вести