ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ЗА ТИНЕЈЏЕР ОД КУМАНОВО КОЈ НАПАДНА ПОЛИЦАЈЦИ - еве што кажаа од Обвинителство
Обвинителство поведе истрага за две дела против тинејџер од Куманово кој на само 19 години се заканувал со нож на полициски службеник, удрил еден од полицајците додека го претресувале и му пронашле марихуана, која ја подготвил за продажба.
- На 25 март, при личен претрес на осомничениот пред станбената зграда во која живеел, полицијата пронашла околу десет грама марихуана која претходно ја набавил од непознато лице, ја спакувал во седум помали пакувања и ја наменил за натамошна продажба. Додека му бил вршен претресот, тој од џебот извадил нож и им се заканил на полициските службеници, а со дршката од ножот удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда - соопшти Обвинителството.
Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против него и го сомничи за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1, но и напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а Основниот суд во Куманово го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.
Претходно СВР Куманово информираше дека полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(19) од затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
- Исто така, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово - соопштија од полицијата.
