Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две обвиненија за дивите платформи на Матка

Две обвиненија за дивите платформи на Матка

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за кривично дело откако со фамозните платформи узурпираа катастарски парцели на локација прогласена за споменик на природата на Матка.

Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум на катастарска парцела на брегот на езерото Матка поставил дрвена платформа со вкупна површина од 120 м2 со метална конструкција, над која изградил објект од цигла и дрво со површина од 49 м2.

Вториот обвинет, 25-годишник од Глумово, делото го сторил така што на пет катастарски парцели исто така на брегот на езерото, поставил дрвена платформа со метална конструкција и со површина од 189,54 м2, на која изградил времен објект со површина од 187 м2.


Слично

Поврзани вести