ДВЕ НАЈГОЛЕМИ БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА БИЛЕ НАПАДНАТИ ОД ХАКЕРИ: Во истрагата биле вклучени форезинчари од странство, обелодени претседателот Пендаровски
Шефот на
државата, Стево Пендаровски, гостувајќи во емисијата Клик Плус на ТВ 21, синоќа
обелодени дека пред околу една и пол година, две најголеми банки во Македонија,
како и уште неколку институции во државата биле цел на хакерски напади.
„Пред година и пол, битни институции во државата, меѓу кои и две најголеми
банки беа цел на хакерски напади. Мојот кабинет не го сметам во таа категорија,
но неколку пати ни е соборуван сајтот. И банките и 2-3 други државни институции
беа соборени. Имаше истрага од Обвинителството со форезничари и од странство.
Заклучија дека нападот е од надвор, истрагата води до некои групи за кои не
можеме да заклучиме дека се државно спонзорирани, но најверојатно имаат
реалиција со некои држави, нагласи претседателот.
