Две момчиња украле автомобил во Тетово, а потоа со него предизвикале сообраќајка
Двајца малолетници од Тетово украле автомобил голф, а потоа со него направиле сообраќајка по што полицијата ги уапси.
Во тетовското село Сиричино вчера околу 12:35 часот, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово затоа што претходно противправно одзеле автомобил „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица Борис Кидрич во градот, а со кое нешто подоцна предизвикале сообраќајна несреќа. Полицијата го вратила возилото на сопственикот М.В.(51) од Тетово. Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветни поднесоци. Минатиот месец во гостиварско имаше случај каде тројца малолетници украле автомобил. Полицијата го пронајде возилото и тоа е вратено кај сопственикот. И претходно во земјава имало вакви немили настани.
