Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две момчиња крвнички тепани во домот „Пелагонија“

Две момчиња крвнички тепани во домот „Пелагонија“

Две момчиња биле крвични тепани во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје од страна на група на насилници. 

Во 04 часот и 40 минути утрово, 20-годишниот Г.Д. од Дојран пријавил дека истиот ден околу 04 часот во ходникот на Студенски дом “Пелагонија“ во Скопје, тој и неговиот другар А.В.од село Злаести, биле физички нападнати.

Како напаѓачи ги идентификувал лицата Д.С. од Пробиштип, К.К. и Т.Н. двајцата од Струга и од уште едно непознато лице.

Притоа напаѓачите ги удирале Г.Д. и А.В. со раце и нозе по главите и телата, при што им нанеле видливи повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести