Две мали деца изгореа во пожар во Шутка
Две деца изгореа во пожар во Шуто Оризари.
Децата загинаа во пожарот што се случил попладнево во населбата Шуто Оризари. Се работи за момче и девојче на возраст од три години и година и пол. Децата биле во куќата во моментот кога покривот се урнал врз нив.
Се работело за импровизирана куќарка која се наоѓа на улицата „Брсјачка буна“ спроти спортското игралиште.
Ова не е прв ваков случај во Македонија. Во Велес изгореа три деца во пожар во 2018 година.
Слично
