ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано
Двајца возачи загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип.
Во несреќата е повредена и сопатничката од едното возило, која е пренесена во штипската Болница.
Трагичната вест ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.
- На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило „опел" е пренесена во Медицински центар Штип - изјави Трајанова.
Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.
Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.
Слично
