Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две лица загинаа, патот Прилеп - Битола затворен повеќе од три часа

Две лица загинаа, патот Прилеп - Битола затворен повеќе од три часа

Не едно, туку две лица се загинати на локалниот пат Прилеп - Битола, информира вечерва СВР Битола.

Поради тешката сообраќајна несреќа, патот бил затворен повеќе од три часа.

Сообраќајката се случила на излез од Битола кон Прилеп после бензинската станица „Пелагонија“.

Сообраќајот на патниот правец А3 - Битола - Прилеп беше во прекин од 16.15 до  19:25 часот.

Станува збор за судар меѓу две патнички возила со битолски и прилепски регистарски таблици.


Слично

Поврзани вести