Две лица уапсени за убиството во казино во Скопје
Две лица се уапсени по убиството на 46-годишен жител на Арачиново утрово во казино кај Млечен ресторан во центарот на Скопје.
Неофицијално, според медиумски информации, препирката избила за неподмирен долг.
Според сознанијата на „Телма“, уапсените се означени како сторители на убиството. Наводно, полицијата трага по уште едно лице од Скопје. Претходно од обвинителството соопштија дека се трага по лицето кое го извршило убиството.
-Според првичните сознанија, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба. Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на лице место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството, соопштија од ЈОРМ.
