Две лица со метален предмет го нападнале Палевски, ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот
Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на улицата Златко Шнајдер, две лица кои биле на мотоцикл со употреба на метален предмет го нападнале нападнат Љ.П. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од полицијата.
Се работи за бизнисменот Љупчо Палевски кој е претепан попладнево.ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот.
„Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за Љупчо Палевски и најостро го осудувам дивеењето по улиците и физичкиот напад врз него. И да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент. Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки. Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина“, стои во реакцијата од партијата.
Според дел од медиумите, Палевски е примен во една приватна болница.
Слично
