Две лица со квадрицикл излетале во длабока бездна
Две лица со квадрицикл излетале од патот кај селото Алдинци и паднале во бездна длабока 20 метри.
Центарот за управување со кризи(ЦУК) информира дека пред околу еден час на бројот 112 е добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна.
ЦУК ги извести и координираше полицијата, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје. Во тек е спасувачката мисија за извлекување на двете лица кои се наоѓаат во стабилна здравствена состојба. Дали и какви повреди имаат информација ќе има подоцна.
ЦУК денеска информираше дека има благо зголемување на нападите од бездомни кучиња во државата.
Слично
