Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ: Малолетник заврши во болница oткако го тепале група средношколци во Тетово

ДВЕ ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ: Малолетник заврши во болница oткако го тепале група средношколци во Тетово

Малолетник заврши во болница, oткако го тепале група средношколци во Тетово.

Во СВР Тетово денеска во 15.45 часот е пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште во Тетово е нарушен јавниот ред и мир.

„Веднаш е постапено по пријавата и утврдено е дека повеќе ученици во училиштето физички нападнале малолетник од с.Селце, ученик во истото средно училиште, кој поради здобиените повреди бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца од учесниците во нападот и тоа Е.Б.(18) и Л.Ц.(18) двајцата од с.Мала Речица, ученици во истото училиште“, велат од полицијата. 

За настанот е известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести