Две лица поврзани со запленетата марихуана во Србија завршија во притвор
По иницијатива на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на две лица им е изречена мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.
Тие претходно биле повикани на распит во својство на осомничени, а одлуката ја донел судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје.
Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор.
Барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и овозможување на доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување.
