Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две лица починаа, дијагностицирани уште 49

Две лица починаа, дијагностицирани уште 49

Потврдени се 49 новозаболени пациенти со коронавирус, две лица починаа. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73г) од Прилеп, примен на болнички третман  на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина ново-дијагностициран пациент (76г.), соопшти Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 14, Штип – 6, Прилеп -8, Велес-6, Гостивар -1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

Скопје – 297
Куманово – 182
Дебар – 49
Штип-27
Прилеп –58
Тетово – 31
Струга – 33
Велес – 24
Битола –8
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар –7
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 20
Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие направени се 586 теста. Преку ИЈЗ се направени 423, преку Ветеринарен факултет –6, Авицена –15 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –118. Досега во земјата се направени 7.653  тестирања на Ковид-19.

Слично

Поврзани вести