Две лица од осoмничените од полициската акција со мерки на претпазливост
Две лица од осомничените, кои вчера беа уапсени по наредба на
Обвинителството за организиран криминал и корупција, добија мерки на
претпазливост наместо притвор.
Обвинителството, откако осомничените дале исказ пред судија на претходна постапка во основниот кривичен суд Скопје, обвинителот кој постапува по предметот за две осомничени лица го повлекол предлогот за определување мерка притвор. Надлежниот обвинител му предложил на судот за нив да бидат одредени мерки на претпазливост.
На две лица од единаесетмината осомничени, кои вчера беа уапсени за организиран криминал и корупција, ќе им бидат одземени патните исправи и имаат забрана за нивно издавање, а определена им е и забрана за напуштање на живеалиште, тие ќе треба да се јавуваат повремено на службено лице во судот.
