Две лица нападнале лекар во Кичево
Нападнат е лекар во Кичево.
Две лица нападнале доктор на Интерното одделение во кичевската болница.
„Вчера околу 13 часот, на Интерното одделение во Општата болница во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Л.Љ.( 24) и А.Љ.(21), врз А.С.(35)-вработен доктор во болницата“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.
Двајцата напаѓачи се повикани во полициската станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
