Две лица ја ограбиле поштата во Мала Речица
Две лица денеска ограбиле пошта во тетовско.
Вооружен грабеж имало претпладнево во експозитура на „АД Пошта“ во тетовска Мала Речица, соопшти полицијата.
„Денеска околу 10.15 часот во СВР Тетово, вработен во „Пошта на Северна Македонијa” пријавил дека во експозитура во тетовска Мала Речица две лица со закана со оружје одзеле пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово“, информираше полицијата.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Изминативе години имаше случаи на грабежи во поштите во Битола, Охрид, во околината на Скопје.
Слично
