Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ ЛИЦА ЈА КИДНАПИРАЛЕ ВО СТРУГА: По неколку часа девојката со повреди барала помош во Скопје

ДВЕ ЛИЦА ЈА КИДНАПИРАЛЕ ВО СТРУГА: По неколку часа девојката со повреди барала помош во Скопје

Девојка од Скопје на возраст од 22 години ја киднапирале во Струга, а неколку часа подоцна се појавила повредена и побарала медицинска помош во скопската болница „8 Септември“. Случајот го потврдија од полицијата. 

Според пријавата, утрово околу 04:30 часот во Полициската станица Струга е пријавено дека околу 02:00 часот на улицата Маршал Тито во Струга, лицето А.Н. и уште едно засега непознато лице со употреба на физичка сила ја внеле С.Е. (22) од Скопје во автомобил и заминале во непознат правец.

Неколку часа подоцна, поточно во 09:11 часот, во Секторот за внатрешни работи Охрид лекар од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје пријавил дека С.Е. се појавила во установата и побарала медицинска помош, при што ѝ се констатирани телесни повреди.

Полицијата работи за целосно расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести