Две лица го навредувале и се обиделе да го нападнат Максим Димитриевски
Двајца се обиделе да го нападнат независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски додека имал средба со граѓани.
Димитриевски вчера пријавил дека две лица го навредувале и се обиделе физички да го нападнат додека имал средба со граѓани во Долно Којнаре.
„Вчера во 21.33 часот во СВР Куманово, М.Д., кандидат за градоначалник на Куманово пријавил дека, додека имал средба со граѓани во Долно Којнаре, кај спортското игралиште, Д.Н. и З.П. го навредувале и му се заканувале, по што се обиделе и физички да го нападнат“, соопшти полицијата.
Се работи на расчистување на случајот.
Инаку, Димитриевски во неколку наврати покажа дека не се согласува со одредени потези на власта, по што не ја доби поддршката од СДСМ и одлучи како независен да ја бара поддршката за втор мандат.
фото Фејсбук
