Две кривични пријави за роденденска забава во Струмица
СВР Струмица во Основното јавно обвинителство Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36) и Д.К. (44) од Струмица. Тие се сомничат дека сториле кривично дело „непостапување во согласност со здравствените мерки во пандемија“.
Според полицијата, на 5 јануари, во куќата на Л.К., била организирана забава на која учествувале повеќе лица, што е против мерките против ширење на КОВИД-19.
На забавата, второобвинетиот снимил видео содржина во која се гледа присуството на повеќе луѓе и овие содржини беа објавени на социјалните мрежи.
Слично
