Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ КЕСИ СО МАРИХУАНА, 21 СЕМКА И ГРАНКИ ОД КАНАБИС - кривична пријава за Гоце Вегета, кандидат за градоначалник од Охрид

ДВЕ КЕСИ СО МАРИХУАНА, 21 СЕМКА И ГРАНКИ ОД КАНАБИС - кривична пријава за Гоце Вегета, кандидат за градоначалник од Охрид

СВР Охрид поднело кривична пријава против 40-годишниот Г. Ц. од охридското село Подмолје, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес во стан во Охрид, каде престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис.

Инаку, неофицијално, како што објавуваат медиумите, станува збор за Гоце Цветковски, кандидатот на ТМРО за градоначалник на Охрид на локалните избори.

Цветановски стана хит во медиумите и социјалните мрежи, по дебата на ТВ 24, кога кандидатите за градоначалници ги претставуваа своите кампањи.

Пријавата е поднесена на 2-ри ноември, но претресот бил извршен многу порано односно уште пред тој да се кандидира за градоначалник. Објаснувањето е дека полицијата го истражувала случајот за да ја состави пријавата.

Инаку, Гоце Вегета е познат по тоа што како кандидат на ТМРО, во првиот круг од изборите во Охрид освои 1.376 гласови, или над 4 отсто.

Слично

Поврзани вести