ДВЕ ИМИЊА И СЕ ПОЗНАТИ НА ЈАВНОСТА, ЗА УШТЕ ДВАЈЦА СЕ РАЗМИСЛУВА: Ралев и Шукова можни кандидати на СДСМ за Скопје
СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат на претстојните локални избори, а ќе го објави до крајот на јули. Во игра се Мишко Ралев и Каја Шукова, но има и уште двајца други кандидати, рече синоќа партискиот лидер Венко Филипче.
Тој во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека не сака да шпекулира со број на гласови кои би ги добила СДСМ на изборите или со број на советнички места и градоначалници.
-Даваме се од себе да ги промовираме најдобрите кандидати, да ги увериме граѓаните дека нашите кандидати имаат кредибилитет и дека ќе работат чесно и транспарентно. На скопјани сакам да им порачам дека предлогот ќе биде човек што ќе обединува, напомена Филипче.
Слично
