Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две групи се пресметувале со ножеви - тројца битолчани се повредени

Две групи се пресметувале со ножеви - тројца битолчани се повредени

Тешко повредени со нож се тројца млади битолчани. Две групи се пресметувале со ножеви. На Ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, главно малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник со повреди се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. 

СВР Битола соопшти дека полициски службеници ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола, а на службен разговор во полициската станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичка пресметка која е пријавена околу 00.47 часот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

Слично

Поврзани вести