Две години силувал девојка од Кочани под закана дека ќе објави голи фотки
Девојка од Кочани две години била силувана од момче кое и се заканувало дека ќе ги објави сликите од неа со експлицитна содржина на социјалните мрежи. Девојката исплашена за нејзиниот углед две години ги трпела сексуалните напади, но конечно го пријавила насилникот во полиција.
Лицето Д.М. (24) од Радовиш во повеќе наврати ја присилувало девојката на обљуба и други полови дејствија, соопштија од МВР.
Полициската станица во Кочани презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
