Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВЕ ГОДИНИ ОД ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА КОВИД ВО ЗЕМЈВА - досега се разболеа близу 300 илјади Македонци

ДВЕ ГОДИНИ ОД ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА КОВИД ВО ЗЕМЈВА - досега се разболеа близу 300 илјади Македонци

Две години откако во земјава беше регистриран првиот случај на Ковид-19. Денес, вкупниот број на Ковид-дијагностицирани во земјава е 296.229 лица. Битката со вирусот ја изгубија 8.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.644.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 517 нови случаи од направени 2.669 тестови. Починати се девет лица, а оздравени се 1.022 пациенти.

Од новозаболните, 261 се во Скопје, 31 во Битола, 24 во Кавадарци, а по 22 има во Прилеп и Велес. Во Куманово се регистрирани 18 нови случаи, во Тетово – 16, Кичево – 14, Гостивар и Штип – по 13, Охрид – 12, Крива Паланка – 11, Струмица – 10, Струга и Неготино – по 8, Кочани, Гевгелија, Свети Николе и Ресен – по 5, Дебар и Демир Хисар – по 4, Радовиш, Делчево, Валандово, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.

Општина Дојран прва испиша нула во графата на заразени лица од 35-те општини за кои во земјава се води дневна евиденција за корона статусот, со што Дојран моментално е единствената општина во која нема веќе активни пациенти на корона вирусот во актуелниот бран, во кој доминантен е омикрон сојот.

Според последниот извештај од ИЈЗ, досега во општина Дојран, според евиденцијата во време на пандемијата, активни на корона вирусот биле вкупно 256 лица, од кои 248 оздравеле, а осум починале како резултат на коморбидитети и компликации кои настанале од вирусот.

Слично

Поврзани вести