Економија, финансии, бизнис

Контакт

Две години ја демнел поранешната сопруга, Обвинителството бара притвор

Две години ја демнел поранешната сопруга, Обвинителството бара притвор

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд во Крушево поднесе обвинителен предлог против машко лице за демнење.

Во текот на претходната постапка, обвинетиот не ги почитувал мерките за претпазливоост, па надлежниот јавен обвинител заедно со обвинението поднесе и посебен предлог за определување мерка притвор.

„Во временскиот период од август 2023 година до август 2025, обвинетиот повторено неовластено ја следел и прогонувал неговата поранешна сопруга, се мешал во нејзиниот личен живот и воспоставувал несакан контакт, движејќи се во просторот каде таа се наоѓала. Жената психички ја злоставувал, вознемирувал и застрашувал и со тоа предизвикал чувство на несигурност, вознемиреност и страв кај неа.

Постојано телефонски ја контактирал и ја навредувал, повремено упатувајќи и закани по живот. Се обидувал да влезе и во нејзиниот дом, а ја следел и се појавувал и на нејзиното работно место во Центарот за социјални работи“, опишува ОЈО.


Слично

Поврзани вести