Две евакуации на Галичица на заглавени граѓани
Пожарната служба од Охрид и Црвениот крст- Охрид на социјалните мрежи информираа дека на два пати имало евакуација на граѓани со заглавени возила при постеа на Галичица во текот на вчерашниот ден.
Снежните наноси на планината им направиле проблем при посетата на планината.
„За жал, ниту апелите, ниту сообраќајната сигнализација, не се доволни за одредени наши сограѓани, кои упорно се обидуваат да одат спротивно од правилата, прописите, разумот и логиката“, се вели во апелот.
Оттаму го повикуваат Јавно претпријатие за државни патишта да дозволи поставување на физички бариери-рампи, на оние места, на кои согласно сообраќајната сигнализација, сообраќајот е забранет.
Слично
