Дванаесетте нови возила за Брза помош не можат да се стават во функција
Дванаесетте нови возила на Брза помош не можат да се стават во функција затоа што се уште не се регистрирани и ја немаат инсталирано потребната медицинска опрема, објави „Факултети“.
Директорите на здравствените домови во Скопје, Крушево, Кичево, Крива Паланка, Берово, Струга и во Дебар се уште ја чекаат потребната документација, а министерот за здравство Венко Филипче најавил дека ќе се ангажира да се забрза процедурата.
Во моментов во Скопје се користат шест, главно амортизирани возила, или практично на пациентите им се помага со дел од оние што здравствениот дом ги доби уште во 2012 година.
Возилата од опрема чекаат дефибрилатор, ЕКГ, респиратор, сет за имобилизација, носилка, чанта со медицински материјали, кои треба да се распределат од донација преку Министерството за здравство.
