На лице место биле дојдени возила на полицијата, на итната медицинска помош, противпожарникарски и возила на погребалното претпријатие. Од МВР подетални инфромации најавуваат за денеска.
Двајцата повредени од несреќата во Драчево починаа в болница, вкупно пет жртви
Бројот на жртви од сообраќајната несреќа што се случи во доцните вечерни часови на влезот во скопско Драчево се зголеми на пет лица, откако две од жртвите починаа на скопските клиники. Веќе беше познато дека тројца од патниците загинаа на самото место. Сите петмина се возеле со патничкото возило „рено 5“ и потврдено е тоа дека директно удрило во камион за собирање на смет.
Се јавија и првите очевидци кои тврдат дека причина за сообраќајната несреќа е неприлагодената брзина на возилото при што изгубило контрола и директно удрило во камионот за смет. Неофицијално, меѓу жртвите има и малолетна девојка.
Слично
